Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Голем број на луѓе ги тестираа новите NIKE PEGASUS 33 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Магазин

Голем број на луѓе ги тестираа новите NIKE PEGASUS 33 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дизајнерите на Nike секоја сезона се трудат да ни претстават нова иновација во поглед на технологиите користени во изработката на патики за трчање.

Оваа сезона, ни претставуваат иновации со кои се овозможува подобра терморегулација, со цел тркачите да можат несметано да трчаат на долги патеки.

Сите заинтересирани имаа можност да ги тестираат новите SHIELD PACK модели вчера во ТЦ Рамстор во Скопје. За заинтересираните кои ги пробаа и тестираа новите SHIELD модели беа обезбедени и награди.

img_1068img_1069img_1070img_1071img_1072
<
>

Nike Shield колекцијата вклучува производи специјално изработени и наменети за трчање во променливи (зимски) временски услови. Терморегулацијата е една од најважните работи при вежбање на ниски температури. Одржувањето на температурата на телото на соодветно ниво, без прегревање, е основната придобивка која Nike Air Pegasus 33 Shield Pack ја овозможува на тркачите.

img_1072

Концептот на Nike Air Pegasus 33 Shield Pack е всушност специјалниот иновативен DWR (трајно – водоотпорен) премаз од надворешната страна на патиката кој го штити стапалото од дожд и снег, додека ласерски дизајнираниот ѓон има подобрена тракција (шари како кај зимските пневматици за автомобили) која го олеснува дури и трчањето на снег.

Shield колекцијата ги вклучува и моделите LunarEpic Flyknit, Pegasus, Structure и Free, што им овозможува на тркачите да си одберат модел кој најмногу ќе им одговара и со кој ќе уживаат во трчањето и во текот на зимата.

Колекцијата, освен патиките, вклучува и нова колекција на облека за тренинг за тркачите со што ќе бидат комплетно опремени за трчање на ладно и влажно време.

Тестирањето на опремата започна вчера во Рамстор мол од 12 часот и траеше до 17 часот, cо специјална подршка од NRC и најбрзиот македонски маратонец Кокан Ајановски како и NTC со лиценцираниот фитнес инструктор Елена Бубало.

Моделите на Nike Air PEGASUS 33 SHIELD од вчера се изложени и достапни во продажнитe места на Sport Vision во Скопје (Ramstore mall, City mall, Capitol mall и ГТЦ).

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.