Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОВАА НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ: Гости за ноќевање во замокот на Дракула првпат по 1948 година

Магазин

ОВАА НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ: Гости за ноќевање во замокот на Дракула првпат по 1948 година

Во замокот на Дракула во Романија во овогодишната Ноќ на вештерките, на заинтересирани посетители, првпат по 1948 година, ќе им биде овозможено да ноќеваат во оваа трансилванска тврдина.

Во замокот „Бран“ две лица ќе ноќеваат во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, благодарејќи на промотивната понуда на американскиот сајт Аирбнд, кој се занимава со резервации на туристички патувања.

Од учесниците на конкурсот се бараше „да го искористат нивниот вампирски дух“ и да замислат што би му рекле на грофот Дракула кога би го сретнале.

Добитниците на наградата ќе бидат соопштени денеска.

На гостите ќе им биде послужена вечера, а потоа ќе останат сами и ќе легнат во мртовечки сандаци обложени со сомот, токму како што според легендите правел и грофот Дракула.

Приказната за Дракула се поврзува со принцот Влад Тепеш, кој навистина живеел во 15. век и бил познат по својата суровост и крволочност при убиствата на неговите противници.

Замокот на Дракула е еден од главните туристички атракции во Романија, со повеќе од 630.000 посетители годишно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.