Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГРАД НА СЕДУМ РИДОВИ: 10 неверојатни факти за Лисабон

Магазин

ГРАД НА СЕДУМ РИДОВИ: 10 неверојатни факти за Лисабон

Главниот град на Португалија е популарна туристичка дестинација, а со оглед на неговата убавина, историја и архитектура, тоа воопшто не е чудно. 

Лисабон се смета за еден од најстарите градови во Европа, а ако се подготвувате наскоро да отпатувате таму или сакате да научите повеќе, прочитајте десет факти за бисерот на Португалија.

1. Лисабон е постар од Рим! Да, да и тоа четири века постар. Всушност, по Атина тој е најстар главен град на некоја европска држава, а се верува дека го основале Фениќаните во 1200 година пред новата ера.

2. Мостот „Васко де Гама“ е најдолг мост на европскиот континент и се протега на 17 километри. При прослава, долж него била поставена маса на која ручале 15.000 луѓе.

3. Симбол на градот е гавранот. Имено, според легендата, два гаврана го следеле заштитникот на Лисабон, Свети Винсенте на неговиот пат до Лисабон.

4. Исто како Рим и Лисабон е изграден на седум ридови, така што е познат како „Cidade das sete colinas” т.е. „Град на седумте ридови“.

2db9741000000578-3287429-image-a-2_14456905798841

5. Црквата „Света Енграсија“ во Лисабон се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како црква која најдолго се градела. Имено, почнале да ја градат во 17-от век, а ја завршиле дури во 1966 година.

6. Во Лисабон многу работи се посветени на уличната уметност, така на секој агол ќе најдете нешто интересно. Дури можете да земете и тура која вклучува разгледување на графити.

7. Во 1755 година градот настрадал во силен земјотрес. Некои бројки зборуваат и дека загинале 100.000 луѓе, а самиот земјотрес предизикал и пожар кој дополнително го уништил градот.

8. Тука треба да се посети аквариумот, кој е еден од најголемите на светот. Во него живеат 8.000 разни видови.

9. Првиот град надвор од Обединетото Кралство и Ирска во која може да се проба култното пиво „Гинис“ е токму Лисабон, кој пивото го увезол во дамнешната 1811 година.

10. Во едно од најпознатите и најстари лисабонски кафулиња „Мартиљо да Аркада” две маси секогаш се чуваат празни и постојано се резервирани. Масите се чуваат за Фернандо Пезо (веројатно најпопуларен португалски писател) и за нобеловецот Хозе Сарамага, кои иако повеќе не се меѓу живите, секогаш имаат места на кои можат да сметаат во ова кафуле.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.