Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Град од кал и слама на работ на Сахара

Магазин

Град од кал и слама на работ на Сахара

Се смета дека мароканскиот град Аит Бен Хадоу е основан во 757 година, а неговиот основач Бен Хадоу, се уште лежи закопан во гроб зад својот спектакуларен град.

Историски гледано градот се сместил во многу важно место, пресекот на историската Сахарска трговска рута преку која древните трговци превезувале зачини, робови и злато до градот Тимбукту во Западна Сахара.

Многу изворни жители на овој град се преселиле преку реката во посовремени домови, но сепак останале уште неколку семејства кои пркосат на забот на времето и се уште живеат во преку 1000 години стари земјени куќи. Градот е сместен на падините на мало брдо во чие подножје тече река, која во поголемиот дел од годината може да се прегази поради нискиот водостој, т.е. фактот дека изгледа како мал поток во широко корито.

Сите куќи и градби внатре во утврдениот град се изградени од цигли од кал додека „фасадата” е направена од мешавина од кал и слама. Самиот град е ограден со дебели одбранбени ѕидини кои ја штитат внатрешноста. На аглите на одбранбениот ѕид се наоѓаат кули кои се издигнуваат високо над ѕидовите, давајќи драматичност на пејзажот.

Од 1987 година Аит Бен Хадоу е ставен на листата на УНЕСКО за светска културна оставнина. Меѓутоа освен историјата, постои уште еден интересен факт за овој древен град, а тоа е неговата цврста врска со Холивуд. Дејвид Лин го препознал овој град и го избрал како совршено место за снимање на својот филм „Лоренс од Арабија” од 1962 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.