Занимливости
Гркинка е највозрасна жена на светот (ВИДЕО)
Пред неколку денови почина највозрасното лице на светот, 117-годишната Јапонка Наби Таџима. Така, нејзината титула и припадна на Катерина Карнару од грчкиот остров Пелопонез, која има 112 години.
– Имаше многу тажни моменти во мојот живот. Мојот сопруг почина, а и моите деца, додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше капетан во морнарицата. Штом отиде в пензија, изгради куќа во Атина. Но, бргу потоа почина и не стигна да ужива во неа, раскажува старицата во интервју за локален медиум.
Според официјални документи, госпоѓа Карнару е родена на 25 јули 1905 година, а летово ќе наполни 113 години.