Хари и Меган ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк
Принцот Хари и Меган Маркл ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк. Ова е всушност нивно прво официјално заедничко појавување во јавноста откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија.
Тие најпрво оствариле средба со градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио и неговото семејство, а потоа се упатија кон Светскиот трговски центар.
Облечени во црно, тие изразија сочувство до жртвите кои загинаа во терористичкиот напад на кулите близначки на 11 септември 2001 година, и до нивните семејства и пријатели кои останаа без своите најблиски.
Додека позирале за фотографите Меган била прашана какво е чувството да биде повторно во Њујорк, на што таа одговорила дека е прекрасно. Таа во неколку наврати го посети градот, кога имаше организирано прослава со нејзините блиски пријателки по повод раѓањето на синот Арчи, а исто така и долета специјално од Лондон за да ја бодри својата пријателка Серена Вилијамс во финалето на УС Опен.
Тие исто така планираат да се сретнат со демократските пратеници, а во сабота ќе бидат дел од концертот на Global Citizen Live кој што ќе се емитува низ целиот свет.