Магазин
Хари и Меган објавија фотографија од Лилибет по повод првиот роденден
Ќерката на Меган Маркл (40) и принцот Хари (37) минатата сабота го прослави својот прв роденден на јубилејот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора.
Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија од нивната ќерка Лилибет откако го прославија нејзиниот прв роденден. Ова е втора фотографија од малата Лилибет која е објавена. Првиот роденден на малото девојче беше прославен со членови на семејството и блиски пријатели во „Фрогмор Котиџ“.
Парот за оваа прилика ја покажа Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, а нејзините фотографии ги објави познатиот британски фотограф Мисан Хариман.
It was such a privilege to celebrate the 1st birthday of Lilibet with my family and hers! Joy and face painting all around ❤️?? pic.twitter.com/bg3RY6MOEu
— Misan Harriman (@misanharriman) June 6, 2022
На првата фотографија, слатката ќерка на познатиот пар седи насмеана во тревата во светло син фустан. Но, она што привлекува внимание е нејзината портокалова коса, која ја наследила од тато Хари. Исто како и нејзиниот постар брат Арчи, и малата Лилибет изгледа како копија на својот татко.
На втората, црно-бела фотографија, Лилибет позира во прегратка на нејзината мајка Меган, која е во лежерна облека и без шминка. Со нив се сопругата и децата на Мисан.
Инаку, членовите на кралското семејство првпат ја запознаа Лилибет на прослава на платинестиот јубилеј, а на социјалните мрежи и го честитаа роденденот.