Магазин
Хари и Меган во тајна посета на кралицата Елизабета
Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) тајно ја посетија кралицата Елизабета Втора (95) за прв пат по повеќе од две години откако си заминаа од Велика Британија, пишуваат британските медиуми.
Принцот и неговата сопруга се сретнале со кралицата само неколку дена пред нејзиниот 96-ти роденден. Сепак, нивната вистинска дестинација е всушност Холандија, додека имотот на Елизабета Втора била само минлива локација.
Имено, парот од 16 до 22 април ќе присуствува на Игрите „Invictus“ во Хаг, Холандија, изјави портпаролот на семејството.
Со кралицата и принцот Чарлс (73), Хари и Меган се сретнале во нејзиниот дом, замокот Виндзор. Двојката пристигнала од Калифорнија, каде што моментално живеат, на аеродромот Хитроу, од каде се упатиле кон замокот на кралицата. Тие биле сами, без нивниот двегодишен син Арчи и десетмесечната Лилибет, која Елизабета Втора се уште не ја запознала во живо.
Нивниот портпарол за медиумите ја потврди посетата, додека Бакингемската палата одби да коментира.