Ви препорачуваме
Хари Потер 19 години подоцна (ФОТО)
Осмото по ред продолжение на „Хари Потер“, театарска претстава под наслов „Хари Потер и проколнатото дете“, наскоро ќе ја има своја премиера во театар во лондонскиот Вест Енд.
Премиерата е закажана за 30 јули, а потерманијата веќе ќе го тресе Лондон.
Во пресрет на премиерата се појавија и првите официјални фотографии на актерската екипа, возрасниот Хари Потер, неговата сопруга Џини и најмладиот син Албус.
Во ова продолжение Хари е 19 години постар отколку што беше во „Хари Потер и Реликвии на смртта“, работи во Министерство за магии и живее со сопругата и трите деца на училишна возраст.