Занимливости
Харвард веќе 75 години ја проучува среќата
Научници од Харвард пред 75 година започнале истражување за среќата кое воедно е и најдолгото некогаш спроведено. Задачата на истражувачите е да следат што е она што позитивно влијаело на среќата кај поединци, без негативни ефекти.
За време на 74 години, следени биле животите на 724 мажи, и како тие се справуваат со сето она со коешто се соочуваат во животот. Од нив, 60-мина се се уште живи и, и натаму учествуваат во истражувањето.
Испитувањата се вршеле врз две категории луѓе: студенти во втора година, и лица од посиромашните средини. Научниците им приложуваат листови со прашања, им го скенираат мозокот, земаат крв, и го следат нивното здравје. Подоцна во студијата се вклучени и нивните семејства, секако.
Едно од најголемите откритија е дека, добрите односи ги чини луѓето посреќни и поздрави. Од друга страна пак, оние кои биле несреќни во врските, повеќе страдале, почесто се соочувале со болки, биле понезадоволни и водиле нездрав живот.