Магазин
ХИТ ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ: Бали и Ибица – најпопуларни дестинации за одмор ова лето
Бали и Ибица се најпопуларни дестинации за одмор оваа година, според податоците на TripAdvisor.
Популарниот сајт ги подели дестинациите во две групи, поблиски и подалечни.
Меѓу топ десет најпопуларни поблиски дестинации се: Ибица, Крит, Мајорка, Санторини, Кипар, Малта, Барселона, Бенидорм, Мадеира и Гран Канарија.
Кога станува збор за најпопуларни поодалечени дестинации тоа се: Бали, Орландо, Лас Вегас, Малдиви, Њујорк, Бангкок, Дубаи, Маракеш, Пукет и Барбадос.
Бали е индонезиски остров познат по пошумените вулкански планини, песочните плажи и корални гребени. На него се ноаѓаат голем број храмови и други културни знаменитости. Исто така е познат е по јогата и лековитите третмани.
Ибица е вистинска „кралица на ноќта“, идеална за оние кои сакат да се забавуваат на песочните плажи до раните утрински часови. Островот се наоѓа меѓу Барселона и Алжир, а има фантастични плажи, зелени пространства, а нуди и голем број активности и вкусна храна.