Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Холивудските сценаристи се враќаат на работа, откако го прифатија новиот договор

Магазин

Холивудските сценаристи се враќаат на работа, откако го прифатија новиот договор

Членовите на Здружението на сценаристи на Америка (WGA) одобрија нов тригодишен договор со големите студија, пет месеци откако синдикатот свика штрајк што ја наруши филмската и телевизиската продукција во Холивуд.

WGA соопшти дека 99 отсто од околу 8.500 гласачи го поддржале договорот, кој обезбедува покачување на платите, некоја заштита поврзана со употребата на вештачка интелигенција и други бенефиции. „Заедно успеавме да го постигнеме она што многумина велеа дека е невозможно пред само шест месеци“, рече претседателката на WGA West, Мередит Стием.

Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP), која ги претставува Волт Дизни, Нетфликс и други медиумски компании, рече дека договорот „претставува значителни придобивки и заштита за сценаристите“. „Важен развој за нашата индустрија е тоа што сценаристите се враќаат на работа“, се вели во соопштението на алијансата.

Актерите и другите изведувачи, исто така, бараат зголемување на платите и заштита од вештачката интелигенција, плус други подобрувања на работните услови. Преговарачите на синдикатот на актерите SAG-AFTRA продолжија со разговорите за договор со студијата во понеделникот. SAG-AFTRA, најголемиот синдикат во Холивуд, и студијата повторно ќе се сретнат во среда, на 11 октомври, беше објавено во понеделникот.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.