Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 совршени летни коктели кои ќе ве освежат

Храна и пијалоци

5 совршени летни коктели кои ќе ве освежат

Започна долгото, топло лето! Доколку сакате да се забавувате со вашите пријатели и да пиете летни коктели без да имате грижа на совест, ние имаме неколку предлози за вас.

1. Летна Сангрија

Овој лесен алкохолен пијалак, кој обично го преферираат жените, ќе ве освежи и во најжешките летни денови. Тоа е така бидејќи во себе содржи доста овошје, а од алкохол обично содржи црно вино, но може да се направи и со бело вино. Доколку сакате егзотично и здраво освежување, Сангријата е совршена за вас.

2. Фрути Мартини

Овој префинет пијалак можете да го нарачате во комбинација со различни овошја. Покрај тоа што ќе ве освежи, неочекуваните овошни комбинации како што е на пример боровница и јагода, целосно ќе ги разбудат вашите сетила.

3. Кајсија Ројал

Покрај жедта, овој пијалак ќе го задоволи и вашиот глад. Направен од кајсија, овој коктел може да ви послужи и како брза закуска. Уживајте во лесните, овошни ноти и во пенестата текстура на Априкот Ројал.

4. Амарето  боровница

Покрај тоа што има малку калории, овој коктел има и голем број антиоксиданти. Ќе се заљубите во неговата функционалност, но и во неодоливиот овошен вкус кој е совршен за освежување во топлите летни денови. Но, внимателно, овој коктел содржи голем процент на алкохол.

5. Коктел тропикал 

Шареноликото тропско овошје во овој коктел ќе ви донесе малку боја во спарната летна вечер. Освежувачкиот вкус на кокос, ананас, рум и банана нема да ве остави рамнодушни, па ќе ве натера на танц со кој ќе ги заборавите летните горештини.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.