Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боровинки – извор на здравје и енергија

Храна и пијалоци

Боровинки – извор на здравје и енергија

Боровинката расте како зимзелена грмушка во висина од околу триесет сантиметри и има ситни бобичести плодови со темно сино-црна боја, со пријатен киселкасто-сладок вкус. Цвета од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Во Европа и во Северна Америка боровинката се одгледува од многу одамна и се користи како лековита билка.

Лековити се зрелите плодови и лисјата. Боровинките се богати со диетални влакна, пектини. антоцијанини, бакар, растителни влакна, биофлавоноиди, витамин Ц, витамин Е, железо, глукоза, калиум, калциум, манган, натриум, органски киселини (лимунска и јаболкова), пектин, протеини, фолна киселина, хром и др.Освен плодот, богат со корисни елементи е и листот, а особено со минерали: калиум, натриум, манган, хром, железо и бакар. За да се исползуваат корисните состојки лисјата треба да се берат во пролет, а плодотодносно бобинките на лето, само кога е целосно зрели.

Лековити својства

Денес многу научни истражувања потврдиле дека боровинката е здрава храна и е лек кој се употребува за спречување и за лекување на многу заболувања. Плодот има јако антиоксидантно дејство и е докажано дека има антиканцероген ефект.
Истражувањата докажале дека дивите боровинки помагаат во третман на шеќерната болест и се со изразено и моќно антидијабетично дејство. Ова особено е ценето во народната медицина, заради што боровинката се нарекува и растителен инсулин.

Листовите од боровинката помагаат во случај на создавање на одредени киселини, повраќање, грчеви во желудникот и кашлање. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да бидат зрели, бидејќи подоцна немаат лековито дејство. Зрелите боровинки се употребуваат за јакнење на крвната слика.

Боровницата се употребува и за лекување на хемороиди, бидејќи го спречуваат крварењето. Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај малите деца.

Редовно консумирање на боровинки се препорачува и кај бремени жени, со цел да се намали ризикот од појава на проширени вени и хемороиди.

Поради изобилството на лековити материи и изразеното антиоксидативно дејство, докажано е дека поволно делува на многу органи и функции во организмот:

– Ја стимулира работата на мозокот, а една студија покажала дека боровинките го успоруваат „стареењето“ на меморијата.
– Го јакнат имуниот систем.
– Поволно делуваат на видот и здравјето на очите.
– Го намалуваат ризикот од срцев удар, посебно кај жените.
– При инфекции на уринарниот тракт.

Одличен избор при диети и во програми за намалување на телесната тежина

Полифенолите влијаат врз разбивањето на мастите во клетките кои се таложат на стомакот. Ова овошје содржи многу малку калории, па поради тоа е одлична закуска доколку сакаме да ја намалиме телесната тежина.

Во исхраната

Боровинката е одамна позната како суперхрана. Нутриционистите советуваат редовно консумирање на ова овошје.Во исхраната се користи како свеж плод, сушено овошје, пекмез, сок, компот, сируп или чај, а во некои краеви се користи и како состојка за правење вино и ракија.Од листовите се прави чај или облоги. Може да се користи безбедно повеќе пати на ден, а слободно може да го консумираат и децата.

Подготовка на чај: Во едел литар врела вода се става една шака суви или свежи листови боровинка и се остава да отстои 10 минути. Се пијат 3 до 4 шолјички дневно. Мешавина од листови од дива или питома боровинка, со листови од дива јагода и од капина, е еден од најделотворните природни лекови против шеќерна болест.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.