Која храна е добра, а која лоша за вашата тироидна жлезда?
Тироидната жлезда е една од најважните енднокрини жлезди во нашиот организам и затоа нејзиното здравје е многу важно за правилно метаболичко функционирање. Со пореметување на работата на оваа жлезда можат да настанат компликации во организмот, затоа што тироидната жлезда е одговорна за производство на енергија во телото и за регулација на многу метаболички процеси.
Еден од најголемите непријатели на тироидната жлезда е стресот. За нормално функционирање на тироидната жлезда голема улога игра генетската предизспозиција, но правилната исхрана исто така е многу важна. Исхраната како фактор кој влијае на здравјето на оваа жлезда најлесно можеме да ја контролираме затоа што ние сме одговорни за продуктите кои ги внесуваме. Секогаш имајте на ум дека постојат намирници кои ќе и помогнат на тироидната жлезда полесно да работи, но постојат и такви кои можат да и наштетат.
Јодирана сол
Веќе половина век во солта се додава јод, кој е неопходен за произвоство на тироидни хормони. Јодирањето на солта помогнало во намалување на појава на гушавост кај народот во минатотото. Иако се препорачува да се внимава на внесот на сол во исхраната, сепак од друга страна јодираната сол му е неопходна на организмот. Тој е еден од главните прекурсори за синтеза на тироидни хормони. Македонија е земја сиромашна со јод, така што неопходно е внесување на јодирана сол. Сепак бидете внимателни во изборот на солта, изберете морска или хималајска сол.
Зелен зеленчук
Спанаќ, зелена салата, блитва и друг зелен лиснат зеленчук се извори на магнезиум кој е еден од најважните минерали одговорни за повеќето телесни метаболички процеси. Магнезиумот е неопходен за нормално функционирање на тироидната жлезда. Грчеви во мускулите, замор, забрзано чукање на срцето се само дел од симптомите на недостаток на магнезиум.
Јаткасти плодови (освен кикирики)
Индиски ореви, бадеми, лешници, ореви се одличен извор на повеќе аминокиселини кои имаат улога на прекурсори во синтезата на тироидните хормони. Исто така јаткастите плодови се и одличен извор на магнезиум. Бразилските ореви се особено важни за здравјето на тироидната жлезда бидејки содржат селен кој е неопоходен за конверзија на тироидните хормони од неактивна во активна форма. Бидете внимателни со бразилските ореви бидејќи селенот во големи количини станува токсичен. Доволни ви се 2-3 бразилски ореви дневно.
Риба и морски плодови
Риба, шкампи и морски алги се одлична храна за вашата тироидна жлезда. Морските плодови се особено богати со јод кој како што веќе спомнавме е неопходен за синтеза на тироидните хормони. Но, бидете внимателни бидејќи зголемен внес на јод во организмот повеќе од што е потребно може негативно да влијае на тироидната жлезда и да ја забави нејзината работа. Јодот е една од терапиите која се користи кај луѓе кои имаат хипертироидизам (зголемено лачење на тироидни хормони). Хлорелата и спирулината се морски алги кои ја помагаат работата на тироидната жлезда. Овие микроалги содржат вчудовидувачка низа на хранливи елементи: витамини, макроминерали, олигоминерали, есенцијални масни киселини, протеини, нуклеински киселини (РНК и ДНК), хлорофил и широк спектар на фитохемикалии кои помагаат во нормално функционирање на тиридната жлезда.
Кокосово масло
Јадете по 2 лажици ладно цедено кокосово масло на ден за да ја подобрите функцијата на тироидната жлезда. 50 % од составот на кокосовото масло и припаѓа на лауринската киселина. Оваа масна киселина е волшебна состојка поради нејзините уникатни способности за подобрување на здравјето. Вашето тело ја претвора лауринската киселина во монолаурин, кој има антивоспатилетно, антибактериско и антигабично дејство. Монолауринот е состојка која се наоѓа во мајчиното млеко кое го подобрува имунитетот на бебето. Конзумирањето на ова масло секојдневно ќе ви го подобри целокупното здравје. Кокосовото масло и помага на тироидната жлезда полесно да ги синтетизира и излачува тироидните хормони во циркулацијата.