Храна и пијалоци
Нови производи од палетата на Гемак – Џебно Шкотско Виски
Вчера, во Next Door Park Hotel-от, Гемак Трејд ги промовираше новите производи во своето продажно портфолио. Станува збор за ЏЕБНО ШКОТСКО ВИСКИ кое претставува модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски.
„Гемак Трејд континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. Во таа насока, е и денешната промоција на џебното шкотско виски, единствен на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување од 20 цл, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена
амбалажа“. – изјавија од Гемак.
Новото џебно шкотско виски е идеален додаток кој можете да го понесете со себе или некому да го подарите, а во портфолиото влегуваат следниве производи:
• JOHNNIE WALKER RED LABEL 0.2цл
• JOHNNIE WALKER BLACK LABEL 0.2цл
• J&B Rare 0.2цл и
• The Singleton 0.2цл
Гемак Трејд е компанија која во изминативе 30 години водена од иновација, храброст и интегритет работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна. Покрај долгогодишните успеси како ексклузивен стратешки партнер на светски најпродаваните брендови, од 2016, Гемак Трејд го прошири своето работење и во доменот на угостителството отворајќи ги двата хотели, Park Hotel & Spa и неодамна отворениот Next Door Park Hotel кои се дел од Parkland Hospitality Group.