Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Освежете се во топлите летни денови со детокс вода

Храна и пијалоци

Освежете се во топлите летни денови со детокс вода

Летото е створено за детокс третмани. Детоксикацијата му помага на телото да се ослободи од сите штетни материи. Па, ајде да се подготвиме за топлите летни денови со помош на овој вкусен и здрав детокс сок од краставица и ѓумбир.

Овој сок исто така помага против надуеност, па благодарение на него ова лето ќе изгледате послаби и помлади, а секако и многу поздрави. А што е најважно, истиот е многу вкусен и освежителен. Особено е здрав за детоксикација, затоа што краставиците содржат до 90% вода, па делуваат хидратантно и диуретички. Содржат електролити, витамини А, ц, К и калиум.

Ѓумбирот ја поттикнува дигестијата на храната, ги намалува мачнините и ја елиминира констипацијата. Додека пак, сокот од лимета е одличен извор на витамин Ц и помага против болки во коските. Според некои истражувања сокот од лимета содржи киселини кои ги разбиваат макро молекулите на храната и со тоа ја поттикнуваат дигестијата и го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови. Лутата пиперка/пипер пак, има антивоспалително и антигабично дејство, затоа е одлична за намалување на болките во грлото и за целокупно намалување на болките во телото.

Како што гледате, има многу причини да си го направите овој детокс сок од краставица и ѓумбир, па не двоумете се.

Состојки:

  • 2 краставици
  • 1 парче свеж ѓумбир
  • ½ лимета
  • 1 чаша магдонос
  • Прстофат лут црвен пипер (мелен) или чили во прав

Подготовка:

  1. Краставицата и половина од лиметата без кора, ставете ги во соковник, а потоа додајте ги магдоносот и ѓумбирот.
  2. Добиениот сок турете го во чаша со многу мраз и посипете го со малку лута црвена пипер или чили.

Напомена: Доколку немате соковник, сите состојки изблендирајте ги со обичен блендер со малку вода.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.