Храна и пијалоци
Слатко задоволство за сечиј вкус – „Леона“ ги руши бариерите и стандардите со новиот производ – „Леона Премиум Крем“
Во друштво на најблиските соработници, денес и официјално во ресторанот „Воденица Мулино“ во Скопје беше претставен новиот производ на „Лион, производител на брендот „Леона“ – „Леона Премиум Крем“.
Станува збор за крем кој што е направен по сите светски стандарди и кој има два вкуса, односно црн крем со 13 проценти лешник и мешан крем, односно црн и бел со 7 проценти.
Врвниот квалитет го гарантираат внимателно избраните суровини и големото количество на лешник од докажано природно – високо квалитетно сертифицирано потекло.
„Овој единствен домашен производ е вистинско освежување и новитет кој ќе донесе беспрекорен вкус и ќе претставува вистинско уживање за секој кој ќе го проба. Во однос на состојките од кои што е направен морам да нагласам дека станува збор за внимателно одбрани високо квалитетни состојки, не содржи транс масти и вештачки бои, ниту пак појачувач на вкусот“, велат од тимот на „Леона“.
„Лион“ кој е производител на брендот „Леона“повеќе од 22 години опстојува на пазарот и од година во година ниже успеси, вложува во развој на технологија и знаење и оди чекор напред во квалитетот во однос на конкуренцијата.
Освен во Македонија, производите се извезуваат и надвор од нашите граници, и тоа во дури 26 земји, меѓу кои се Сингапур, Италија, Германија, Шпанија, Холандија и многу други…
Секојдневно во нивната фабрика работат 16 производи линии, а се произведуваат на дневно ниво дури 80 тона слатки десерти, односно какао кремови, какао табли, бисквити и кекси, слатки десерти и наполитанки.
„Леона Премиум Крем“ веќе можете да го најдете во сите подобро снадбени маркети во Македонија, а наскоро и надвор од неа.