Смоква – овошје кое го обновува здравјето
Смоквата е овошје кое регенерира, засилува, го одржува здравјето и магично ги „брише“ брчките.
Ова вкусно овошје содржи магнезиум кој е еден од основните елементи кој го штити нашиот нервен систем од стресот. Посебно е важен за нашите коски, имунитетот и здравјето на мозокот. Го поттикнува здравјето и виталноста, ги лекува заболувањата, и го забавува процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум отколку свежите.
Обилуваат со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар, витамини Б6, Ц и бетакаротен. Има ниска содржина на маснотии и поголема содржина на влакна отколку било кое друго овошје и зеленчук. Пектинот е влакно кое го намалува холестеролот во крвта, додека триптофанот помага кај проблемите со циркулацијата и кај несоницата.
Високата содржина на шеќер ќе направи вашиот мозок работи побрзо, подобро да прима и да ги развива информациите. Секако треба да бидат внимателни дијабетичарите при консумација на сувите смокви кои содржат двапати повеќе шеќер отколку свежите.
Сувите смокви се извор на бројните нутриенти и воедно се практичен и нутритивно вреден појадок за спортистите рекреативци и професионалци, а во комбинација со јаткастите плодови можат да послужат како идеален меѓу оброк. Чај од смокви лекува заболувања на џигерот, грлото, дишните органи, камења во жолчката.
Содржат и билните стероли, кои докажано поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Билните Бројните истражувања открија дека смоквите обилуваат со споеви кои имаат потенцијални антиканцерогени делувања. Испитаните споеви во научните истражувања покажале ветувачки резултати посебно кога станува збор за карциномот на кожата и простатата.