Вишни – незаменливо летно овошје со многу здрави придобивки
Посакуваната темно црвена вишна (lat. Prunus cerasus) потекнува од Северна Индија и Иран, и е многу популарна уште од дамнешните времиња.
Персијците и Римјаните ја обожавале. Потоа со освежителните вишни ги запознале и Британците за да се прошират низ целиот свет. Според будистичките преданија дрвото вишна и ги понудило своите плодови на Маја, мајката на Буда, да биде здрава и сита за време на бременоста.
Легендата се смета за логична, бидејќи вишната го негува организмот и му дава чувство на ситост.
Лековити својства на вишните
Вишните се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидантни дејства. Тие се богати со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. Вишната содржи феноли, галична киселина и п- кумаринска киселина, кверцетин и кемферол. Силните анти-воспалителни својства ја прават вишната корисна за намалување на болки при гихт (метаболно заболување кое се манифестира со појава на акутен артритис со рецидиви), воспалени мускули, остеоартритис и ревматоиден артритис. Истражувањата потрвдиле дека дваесет вишни дневно имаат ист ефект на ослободување на болка како аспирин или ибупрофен.
Моќно антивоспалително својство
Акутните воспаленија се одговор на телото при повреди, инфекции, неправилна исхрана и алергија. Ако воспаленијата се долготрајни, може да доведат со сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, артритис, астма и дијабетес. Новите истражувања нудат повеќе докази за позитивно дејствување на вишната во намалување на воспаленијата. Во едно истражување, во кое биле опфатени 10 луѓе во текот на две недели, тие секој ден пиеле по 250 милилитри сок од вишни и поради тоа значително им се намалиле воспалителните процеси, се нормализирало нивото на триглицеридите и LDL холестерол, кои ризични фактори за развој на срцеви заболувања.
Штитат од слободни радикали
Вишните се богати со фенолни соединенија кои се моќни антиоксиданси, го штитат нервниот систем и спречуваат оксидативен стрес. Тоа е важно за повозрасните, бидејќи ги штити од неуродегенеративни пореметувања како што губење на меморијата, сенилна деменција и Алцхајмеровата болест. Поради високо учество на антоцијани, вишните се важни во превенцијата од рак, посебно на дебелото црево.
Помагаат против несоница
Вишната е едно од ретките овошја кои содржат мелатонин, природен хормон кој го регулира спиењето. Нашето тело вообичаено го лачи природниот хормон мелатонин, кој се ослободува само навечер, обично од 9 часот навечер и така го поттикнува сонот. Пред спиење пијте по една чаша сок од вишни, тоа ќе ви овозможи длабок, постојан и релаксирачки сон. Мелатонинот, исто така е корисен при лечење на симптомите од менопауза, одвикнување од лекови, рак на простата и дојка, хиперактивност и недостаток на внимание.
Останати лековити својства на вишните се:
- го хранат и штитат мозокот
- го намалуваат ризикот од дијабетес
- помагаат при бубрезни заболувања
- ја подобрува работата на системот за дигестија
- помага при губење на телесна тежина
- го подобрува спиењето
- го намалува ризикот од срцеви заболувања
- помага при вослапение на уринарниот тракт.
Корист од останатите делови од вишните
Сушените вишни делуваат исто како и свежите, и се идеална замена кога вишните не се достапни во свежа форма.
Од дршките од вишната се прави чај кој помага при исфрлање на песок од уринарниот тракт, целулитот, импотенција, бубрежни болести и хронична кашлица.
Лисјата од вишната се одлично средство за убавина, помагаат и против првут и потечени очни капаци.
Семките од вишните се употребуваат како топло-ладни облоги и како полнеж за перници.