Храна и пијалоци
ВИТАМИН Ц ВО ЧАША: Направете лимонада со јагоди – летен освежувачки вкус
Тоа е добро познатата лимонада, но само малку подобра! Сјаен напиток за време на летните температури, за хидрирање на телото и разладување на душата.
Потребни состојки:
- Лимон
- Газирана вода
- Јагоди
- Парчиња лимон
Начин на подготовка:
Направете класична лимонада со неколку лимони, но наместо обична вода користете газирана. Истурете ја во калапи за мраз и оставете да се замрзне. Кога ќе се претворат во коцки мраз, ставете ги во блендер, а потоа додадете ги јагодите.
Се заедно изблендирајте, додека не добиете мазна и течна смеса, по потреба додадете шеќер. Овој напиток треба да биде погуст од класничната лимонада. За крај, смесата истурете ја во чаши и декорирајте со парчиња лимон.