Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зошто е потребно да се консумира млеко?

Храна и пијалоци

Зошто е потребно да се консумира млеко?

Зошто е потребно да се консумира млеко?

Млекото е есенцијална состојка за здрав раст и развој на децата но, исто така, рамноправно учествува и во воспоставувањето баланс во исхраната на возрасните. Калциумот од млекото е неопходен за мускулната функција и правилен и цврст развој на коските. Дури до 75% од потребниот калциум го добиваме преку млекото и млечните производи.

Додека пак, внесот на протеини во организмот е од исклучителна важност особено за растот и развојот, но и за обновувањето на клетките и регулацијата на имуниот систем. Млекото се смета како „целосен протеин“ односно ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини потребни за телото да функционира на оптимално ниво.

Со консумирањето млеко се поврзуваат здравите коски поради моќната комбинација на хранливи материи, како калциум, фосфор, калиум, витамин К2 како и протеини кои тоа ги содржи. Консумацијата на млеко може да спречи коскени заболувања како што е остеопорозата, па затоа и е важно да биде дел од секојдневната исхрана.

Млекото, исто така е одличен извор на витамини и минерали, а воедно и потребни хранливи состојки кои се недоволно консумирани. Тука посебно се препорачливи млека што се со збогатен витамински состав, како што е Битолското млеко со 10 витамини, така што со консумирање на ова млеко, покрај основните нутритивни состојки се внесуваат и уште 10 неопходни витамини. Меѓу другото, обезбедува калиум, Б12 и витамин Д3 кои не се дел од многу состојки во дневното мени. Витаминот А, магнезиумот, цинкот и Б1 се исто така дел од придобивките кои ги нуди млекото, а се од исклучителна важност за правилно функционирање на човечкиот организам. Сите тие играат значајна улога во јакнењето на организмот.

Неретко пиењето млеко е поврзано и со намален ризик од губење на мускулатурата поврзана со возраста односно стареењето. Неговата редовна консумација овозможува поголеми физички перформанси кај постарите возрасни лица, а додека пак консумацијата после тренинг може да го намали оштетувањето на мускулите, да го поттикне мускулното закрепнување, да ја зголеми силата па дури и да ја намали болката во мускулот. Всушност, млекото е природна алтернатива на високо обработените протеински пијалаци наменети за пост-тренинг.

Разновидноста и балансирањето во исхраната е клучно за правилно функционирање на еден организам, а млекото е еден од производите со најсеопфатно дејство врз процесите во организмот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.