Видео
Хрватската претседателка повторно хит на интернет
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ повторно е хит на интернет откако овојпат беше снимена како ја поправа фризурата на новинарка од државната Хрватска радио телевизија.
Имено, Китаровиќ подготвувајќи се за изјава од Њујорк, каде што се одржува заседанието на Генералното собрание на ОН, ја забележа разбушавената сонародничка, па веднаш и „пријде напомош“.
Снимката не одеше во програма во живо, но се појави на Твитер.