Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џибути сака да прерасне во „нов Дубаи“

Магазин

Џибути сака да прерасне во „нов Дубаи“

Малата африканска држава Џибути изработи амбициозен план „Џибути 2035“, што оваа земја треба да ја направи многу слична на Дубаи.

Џибути, кој се граничи со Сомалија, Етиопија и Еритреја, до 1977 година беше француска колонија и имаше само едно средно училиште, една улица и двајца лекари.

Меѓутоа, од седумдесетитите години на минатиот век Џибути ја искористи својата стратешка позиција и комерцијално значење на близината на остатокот од Африка, Блискиот исток и Индија.

Во следните 20 години Џибути сака да биде на нивото на  Сингапур или Дубаи.

Слично на Дубаи, Џибути има многу соголен пејсаж, па неговата положба на логистички центар на регионот е клучен за неговиот развој. Засега се најавени 14 инфраструктурни проекти, вредни малку под 14 милијарди долара, што се фокусирани на ширењето на морските, воздушните и копнените врски на оваа земја со остатокот од регионот.

Најважен за патниците ќе биде новиот аеродром, што ќе може да прими 30 пати повеќе посетители отколку што е тоа случајот со сегашниот.

Околу два милиона африкански туристи патуваат во Дубаи секоја година, па властите на земјата се надеваат да ги привлечат доаѓаат во Џибути.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.