Занимливости
Играла исти бројки речиси три децени и освои џекпот
На Канаѓанката Олга Бено и се исполни сонот и освои џекпот од 5,3 милиони канадски долари (3,9 американски долари) играјќи ги истите лото-броеви речиси три децении.
Бено од Нова Шкотска истите броеви ги игра од 1989 година. Кога ги видела извлечени броеви на телевизија не поверувала дека ја освоила главната награда. Се уверила во информацијата откако во медиумите повторно ги видела извлечените броеви.
Таа посочи дека парите добро ќе и дојдат, бидејќи пред десет години и е дијагностициран рак и морала да ја продаде куќата поради трошоците за лекување.