Занимливости
Илјада парчиња пластика најдени во утроба на угинат кит
Во телото на китот, кој се насукал покрај брегот на Индонезија, билo најдено големо количество пластика.
Вработените во националниот парк Вакатоби вчера нашле тело на кит долг 9,5 метри. Во неговиот стомак имало околу 6 килограми пластика. Меѓу другото, китот проголтал и 115 пластични чаши и еден пар сандали. Имало и 25 кеси и други предмети од пластика.
Од еколошката организација World Wildlife Fund (WWF) се шокирани од количеството пластика најдено во стомакот на китот, иако не ја знаат причината за смртта.
Велат дека снимките се толку страшни што конечно ќе треба да го освестат човештвото помалку да користи и да не фрла пластични отпадоци.