Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Илон Маск е личност на годината според магазинот „Time“

Магазин

Илон Маск е личност на годината според магазинот „Time“

Илон Маск е личност на годината според магазинот „Time“

Илон Маск е прогласен за личност на годината за 2021 година според Time.

Маск e основач и главен извршен директор на компанијата за истражување на вселената SpaceX, и компанијата за електронски автомобили Тесла.

Маск неодамна го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во светот, бидејќи растечката цена на акциите на Tesla го зголеми неговото нето богатство на околу 300 милијарди долари.

Магазинот Time ја дава титулата на личноста за која смета дека има најголемо влијание во текот на изминатата година. Насловот го опишува како „личноста или лицата кои најмногу влијаеле на вестите и нашите животи, за добро или лошо, и го отелотворуваат она што е важно за годината, за добро или за лошо“.

Одлуката на магазинот да го направи милијардерот од Тесла, Илон Маск, личност на годината за 2021 година, беше критикувана поради неговиот однос кон даноците, противењето на синдикатите и минимизирањето на опасностите од Ковид.

Изборот беше доведен во прашање на Твитер, од корисниците кои сугерираа дека други личности можеби ќе бидат повредни за признавање оваа година.

Опишувајќи го како „кловн, генијалец, мајстор, визионер, индустријалец, шоумен“, Тime ја наведе широчината на напорите на Маск, од неговото основање на SpaceX во 2002 година, до неговата улога во создавањето на компанијата за алтернативна енергија SolarCity покрај Тесла, која е автомобилска компанија со најголема вредност во светот.

Џо Бајден и Камала Харис беа личност – или личности – на годината на магазинот Тime за 2020 година.

 

 

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.