Магазин
Индиски рецепт против паѓање на косата и за зајакнување на влакното
Билката еклипта албасе, во Индија позната како Бхрингарај, помага во зајакнување на косата и против косопастот, објави „Тајмс оф Индиа“.
Според „Тајмс оф Индиа“, оваа лековита билка, т.е. нејзиното масло, со години се користи за зајакнување на фоликулите на влакното, како и против стареењето.
Подготовката на средството бара загревање на шолја кокосово масло. Потоа додајте лажица бхрингарај прашок или масло. Тоа се загрева околу пет минути, се лади и се сипува во покриено канче во кое треба да отстои неколку дена.
Кога ќе сакате да го употребите, само загрејте го околу половина минута. Се става на косата, при што темето нежно се масира, заради подобра циркулација.
Масирајте го темето 20 минути и оставете го маслото да делува еден час, пред да ја измиете косата со шампон.