Занимливости
Џиновско „СОС“ ги спасило од пуст остров
Двојка била спасена од одалечен и ненаселен остров во Тихиот Океан, откако хеликоптер на американската морнарица го забележал нивното „СОС“ напишано на песокот.
Двојката го напуштила островот Вено на Микронезија на 17 август, а следниот ден требало да пристигнат на брегот на островот Татам, но не се појавиле. На 19 август била известена крајбрежната стража за нивното исчезнување, и почнала безуспеша потрага по нив.
Двојката била заробена на пустиот остров со ограничени резерви и без опрема за таква ситуација.
На 24 август еден брод забележал светла на островот и била известена морнарицата на САД, која ги лоцирала благодарение на тоа што на песокот напишале „СОС“.