Занимливости
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Најкусиот комерцијален лет на светот не трае ниту една минута
Релацијата меѓу Вестреј и Папа Вестреј во рамки Оркниските Острови се смета за најкуса во светот кога станува збор за воздушниот сообраќај.
Во зависност од јачината на ветерот од еден остров на друг може да се стигне дури за 47 секунди, иако за оваа оддалеченост од 2,7 километри обично се потребни околу две минути патување со авион.
Таа релација од 1967 година ја покрива регионалната компанија Логанер, а цената на повратниот билет изнесува околу 27 евра.
На Папа Вестреј живеат околу 70 жители, но овој остров на северниот дел на Шкотска има неколу археолошки локалитети, кои периодично ги истражуваат голем број експерти и студенти заради што е воведена таа линија.
Превозот е се извршува со леталото Бритен – Норман Исландер, кое може да прими осум патници, а во текот на работната недела лета два пати дневно. Оркниските острови ги поврзува и траект, кој во текот на летната сезона вози барем еднаш неделно, но инаку се многу ретки.
Најкусиот меѓународен лет на светот најавен е во септември оваа година. Компанијата People’s Viennaline ја отвори релацијата меѓу Санкт Гален во Швајцарија и Фридрихсхафен во Германија. Оддалеченоста од 20 километри би требало да биде помината за само осум минути.
Листа на пет најкуси летови во светот:
1. Од Вестреј до Папа Вестреј во Шкотска со Логанер (47 секинди).
2. Од Санкт Гален во Швајцарија до Фридрихсхафен во Германија со People’s Viennaline (осум минути).
3. Од Виена до Братислава со FlyNIki (десет минути)
4. Од Торонто во Канада до Нијагарини Водопади со Торонто Ервејс (12 минути)
5. Од Киншаса до Бразавил во Конго со Етиопиан Ервејс (20 минути).