Магазин
Исчезната плажа во Ирска се појави повторно по 30 години (ФОТО)
Исчезната плажа во западна Ирска се појави ненадејно по повеќе од 30 години, и тоа благодарение на плимата.
Овој феномен е доказ дека во природата ништо не се загубува. Во 1984 година, силна бура во морето однела илјадници тони песок и го „соголила до камен“ брегот на заливот, близу едно село на Ахиловите Острови.
Три десетилетија подоцна, водите на Атлантикот, односно пролетната плима го врати песокот на плажата.
Мештаните се надеваат дека туризмот во нивното место повторно ќе заживее, а со тоа и економијата.