Магазин
Истанбул е еден од десетте најпосетени градови во светот
Според индексот на глобални таргет-градови на „Мастеркард“, со седиште во САД, годинава 30 светски метрополи беа регистрирани како градови кои привлекуваат најголем број туристи, објави ТРТ.
Истанбул на листата се наоѓа на 10-то место и се предвидува до крајот на годинава да го посетат 9,24 милиони туристи ширум светот. Минатата година оваа бројка изнесуваше 9,6 милиони.
„Мастеркард“ овој извештај го објавува во последните девет години, а истиот се утврдува според вкупниот број на странски туристи, премини преку границите, трошењето на странските туристи во градот каде што престојуваат, како и бројот на патниците добиен од патничките агенции.
Минатата година Бангкок беше на прво место на списокот, а по него следуваа Лондон, Париз, Дубаи и Сингапур.