Занимливости
ИСТРАЖУВАЊЕ: Првородените деца се попаметни од помладите браќа и сестри
Економистите од Универзитетот во Единбург заклучија дека најстарите деца постигнуваат подобри резултати на тестови за интелигенција од своите помлади браќа и сестри.
Истражувачите сметаат дека тоа значи дека првородените деца добиваат ментални стимулации од своите родители.
Студијата објавена во списанието „Journal of Human Resources“ би можела да објасни зошто досегашните истражувања претежно доаѓале до заклучок дека најстарите деца во семејството подоцна добиваат и поголема плата и подобро образование од помалите.
Во студијата е следен животниот пат на пет илјади деца на различни возрасти, од штотуку родени до 14-годишни, а предвид се земени нивното потекло и економските услови на нивните семејства.
Децата на секои две години решавале задачи во кои се оценувани нивните вештини на читање и сликање, а научниците утврдиле дека разликите во надареноста и интелигенцијата на децата можат да се поврзат со различното поставување на родителите кон своите потомци.