Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Итака – островот на нимфите

Магазин

Итака – островот на нимфите

Грчкиот остров Итака е долг 29 и широк – шест километри, и се наоѓа на три километри источно од Кефалонија – најголемиот остров во Јонското Море.

Западниот брег е каменест и нерамен, и на овој дел има само неколку плажи. Источната страна пак изобилува со богата вегетација.

Главната атракција на островот на легендарниот Одисеј денес е Вати, малечок пристаништен град во кој живее над половина од вкупното население. Гратчето е релативно неразвиено, во него има само неколку хотели, а рестораните, таверните и кафулињата се наредени на крајбрежјето.

Ексоги е едно од најстарите села на Итака, со поглед на морето, и таму се наоѓа црквата Света Марина, којашто вреди да се посети.

На Итака се стига со брод од околните острови Кефалонија и Лефкада. Може да изнајмите и чамец заради приватно и интимно мини-крстарење близу брегот, кој секако потсетува на сирените и нимфите од древната митологија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.