Магазин
Избегнете ги брчките по четириесеттата година
Без оглед на фактот дека староста е неизбежна, како и дека брчките се знак на искуството, сепак сакаме да ги избришеме.
За жал, брчките не се бришат, но може да се одложат. Еве неколку корисни совети.
1. Редовна и доследна утринска и вечерна рутина
Без разлика дали имате 20 или 40 години, редовното чистење, тонирање и нега на кожата се клуч таа да остане затегната и еластична што подолго. Навикнете се на производи за нега кои најмногу Ви одговараат.
2. Производи со активни „противстареечки“ состојки
Доцните триесетти навистина се доцни за почнување „противстареечка“ нега, но сепак подобро е барем да се обидете отколку да го пропуштите тој период. Навлажнувачите и серумите кои содржат ретинол, алфа-хидроксидна киселина, антиоксиданс Ц и Е витамин, се најпрепорачливи. Пожелно е и крема за заштита од сонце да Ви е при рака.
3. Масажа
Ако се уште немате навика да си го масирате лицето барем две минути навечер, време е да ја создадете веднаш. Телото со годините ја губи мускулната маса, па доколку не ја одржуваме, таа пропаѓа. Земете неколку капки серум, масло или крема и втријте ја во лицето се дури не се впие.
4. Хидратација
Кожата сама по себе, по природен пат се навлажнува и го одржува сјајот, мекоста и еластичноста, но тоа постепено се губи по 25-та година од животот. Хидратантната крема по четириесеттата, не е доволна и потребен е добар хидратантен серум со хијалуронска киселина, растителни масла.
5. Нега на просторот околу очите
Првите брчки се појавуваат околу очите и усните. За да ги одложите, потребна е квалитетна крема за лице со активни состојки кои имаат навлажнувачко својство и ги намалувуваат подочниците.
6. Нега на вратот и деколтето
Тој дел од телото, жените често го забораваат. Но, ништо страшно. Сето она што го користите за лицето, делува и на вратот и на деколтето. Масажата и потштипнувањата исто така не се на одмет.