Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Излегува документарен филм за кралското семејство, Камила ќе биде претставена како злобна маќеа

Магазин

Излегува документарен филм за кралското семејство, Камила ќе биде претставена како злобна маќеа

Новиот документарец на британскиот „Канал 4“ ќе се занимава со сложените односи во кралското семејство, а неговото емитување наводно е одложено откако на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак поради стравувањата на продуцентите од можна негативна реакција на јавноста.

Според британски „The Sun“, документарецот ќе ја прикаже Камила како некој што внимателно го изградил нејзиниот имиџ во медиумите во последните 30 години, а изворите тврдат дека ќе биде „исклучително контроверзен“.

Документарецот сугерира дека кралицата Елизабета не сакала Камила да стане кралица. Според изворот на „The Sun“, документарецот е „про-Хари и анти-Камила“. Ги прикажува принцот Хари и Меган како жртви на немирни семејни односи, за кои се вели дека ќе предизвикаат бурни реакции, особено во Бакингемската палата.

Нагласени се и изјавите на Хари за однесувањето на членовите на семејството кон него и Меган. Во своите мемоари „Spare“ Хари ја опиша Камила како „злобна маќеа“. Тој и неговиот брат Вилијам се обиделе да го убедат својот татко да не се венча повторно, но безуспешно. Хари, исто така, ја обвини Камила дека ги користи медиумите за да го подобри сопствениот имиџ, дури и на сметка на него и Меган.

Тој ја нарече Камила „опасна“ поради нејзиниот однос со британските медиуми и манипулација со информации. Документарецот наречен „Камила: Злобната маќеа на Хари?“ треба да се емитува наскоро. Продуцентите наводно се обиделе да стапат во контакт со Хари и Меган за да учествуваат во снимањето, но не добиле одговор.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.