Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Како да го поминете викендот во Монако

Ви препорачуваме

Како да го поминете викендот во Монако

И покрај тоа што се протега на само два квадратни километри оваа туристичка дестинација нуди голем број забавни содржини за дводневна посета.

Најдобар начин да го видите градот е со автобус – дневен билет можете да купите по цена од пет и пол евра.

Посетете го познатото казино во Монте Карло

Ако сакате подобро да ја видите архитектурата и внатрешноста на оваа убава зграда, најдобро би било посета околу десет часот наутро.

Навечер е отворено само неколку часа, но забранета е употреба на фотоапарат и мобилни телефони.

Влезот се наплатува десет евра, а потребно е да имате документи за идентификација, како на пример пасош.

На располагање ви стојат слот машини и рулет, можете да играте и блекџек, а покер во приватните простории ќе ве чини уште 20 евра.

Сеќавање на Грејс Кели

Во катедралата на Свети Никола во 1956 гоидна е одржана раскошната свадба на принцезата Грејс Кели и принцот Рение Трети од Монако, а токму на ова место можете на славната двојка да и одадете почит. Влезот во црвката е бесплатен.

Палатата, местото на нивниот претстој, можете да ја посетите по цена од осум евра, но имајте на ум дека фотографирањето е забрането.

Смената на стражарите облечени во бели униформи можете да ја видите секој ден во 11:55 часот претпладне.

Посетете ги преубавите градини

Доколку одлучите да одите во Фонвеј, ве чека градината со рози на принцеза Грејс Кели, а ако сакате да се повлечете од метежот и бучавата во Монте Карло можете да ги посетите Јапонските градини. Љубителите на кактуси ќе уживаат во интересите примероци во Егзотичната градина. Цената на влезниците изнесува нешто повеќе од седум евра.

Откријте ги тајните на океанот во Океанографскиот музеј

Дали ќе одлучите само да уживате во неговата архитектура или за 14 евра ќе го видите целиот музеј, секако вреди да се посети ова место. Големиот аквариум на подземно ниво е дом на голем број океански видови од морски коњчиња до пирани, додека на катовите можете да видите макети на бродови и скелети на голем број животни, вклучувајќи и фасцинантен скелет на кит.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.