Занимливости
Казната за пречекорена брзина ја платил со две кофи со монети
Брет Сандерс одлучил на оригинален начин да ја плати казната од 212 долари за пречекорување на брзината за неполни 15 километри на пат во Тексас.
Кога ја добил казната, Сандерс не можел да се помири со тоа, но одлучи да се жали на суд дека казната му била дадена во форма на изнудување.
Сандерс сепак, однесе во судот 212 американси долари во монети во две преполни кофи.
– Ова за мене е форма на протест. Се работи за тоа што е правилно. Никогаш никој не сум повредил, ниту пак загрозил нечиј живот, рече тој за Ен-Би-Си.
Иаку многумина се согласиле со него, други мислат дека протестот е упатен на погрешна адреса, бидејќи ваквите безброј монети морале да се справат вработените на шалтерите кои немаат никаква врска со целата приказна.