Занимливости
Кејт Мидлтон, наводно, повторно е бремена?
Иако од Бакингамската палата се уште не ја коментираа веста дека принцот Џорџ (2) и седуммесечната принцеза Шарлот ќе добијат браќа, британските медиуми пишуваат дека војвотката Кејт Мидлтон (34) е повторно бремена.
Принцот Вилијам (33) наводно се шокирал кога Кејт му соопштила дека чека близнаци.
– На почетокот не можеа да зборуваат, па истовремено се смееја и плачеа, изјави пријател на кралската двојка.