Кијану Ривс донирал 70% од својот приход од „Матрикс“ за борба со леукемија
Холивудскиот актер Кијану Ривс (57) донирал дури 70 отсто од својата заработка од првиот филм „Матрикс“ снимен во 1999 година, пишува Дејли Мејл.
Ривс ги донирал парите на експерти за истражување на лекови за леукемија, што е голема сума ако се земе предвид дека заработил 35 милиони долари за целиот филм. За снимањето на Матрикс, актерот добил 10 милиони долари однапред, а потоа договорот му донел уште 25 милиони долари од заработката на филмот.
Актерот решил да донира за истражување на лек за леукемија поради неговата сестра Ким, која десет години се бори со малигната болест. Кијану го поминуваше со неа секој момент, додека конечно не дојде во ремисија.
Според странските медиуми, тој потрошил околу пет милиони долари на различни терапии за да и помогне да закрепне.
– Таа секогаш беше тука за мене. Секогаш ќе бидам тука за неа – изјави актерот.
Пред повеќе од 10 години, тој исто така основаше добротворна организација за да им помогне на луѓето кои се борат со ракот.
– Имам приватна фондација која работи пет-шест години и помага во неколку детски болници и се занимава со истражување на рак. Не сакам да се поврзува моето име со неа, само сакам фондацијата да си ја врши својата работа – изјави скромниот Кијану во едно интервју.