Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан го гаси својот „KKW“ бренд, фановите се прашуваат дали е поради Канје

Магазин

Ким Кардашијан го гаси својот „KKW“ бренд, фановите се прашуваат дали е поради Канје

Ким Кардашијан го гаси својот „KKW“ бренд, фановите се прашуваат дали е поради Канје

Ким Кардашијан Вест е во процес на развод од својот сопруг Канје Вест, а неговото презиме исто така беше дел и од нејзиниот бренд. Фановите коментираат дека поради разводот сака да го отстрани „Вест“ од името, па затоа прави ребрендирање на компанијата.

Ким Кардашијан (40) објави дека на 1 август ќе ја изгаси страницата KKWBeauty.com, како би створила нова.

-Сакаме да ви се вратиме под целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни – напиша Ким на Твитер.

Подоцна во друг твит таа додала:

-Возбудена сум што продолжувам да ја развивам и да ја ширам палетата на своите производи и што конечно можете тоа да го доживеете така како што отсекогаш го замислував.

Фановите веднаш започнале со претпоставки:

-Ким, знаеме дека сакаш да го тргнеш „W“ и сосема те разбираме – напишала една обожавателка.

Датумот на отварањето на новата интернет продавница не е познат, но по зборовите на Ким, се чини дека обожавателите нема да чекаат долго.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.