Занимливости
Клептон првпат ќе објави албум со божиќни песни
Славниот музичар Ерик Клептон првпат во неговата кариера ќе објави албум со божиќни песни.
Албумот со наслов „Happy Xmas“ ќе биде пуштен во продажба на 12 октомври.
Сите композиции, меѓу кои и неговата „For Love on Christmas Day“ се снимени во нова изведба.
Клептон неодамна за британските медиуми соопшти дека неговата верзија на песната „Jingle Bells“ му е посветена на неодамна починатиот диџеј Авичи.
Освен тоа, музичарот сам го направил цртежот на Дедо Мраз, кој се наоѓа на омотот на албумот.