Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Која боја го намалува апетитот, а која го зголемува притисокот?

Занимливости

Која боја го намалува апетитот, а која го зголемува притисокот?

Комбинацијата од жолта и црвена боја го зголемува апетитот, додека сината го намалува. Секоја боја носи специфично зрачење. 

Со сината боја најлесно заспиваме, а розовата секогаш ни мами насмевка на лицето. Боите влијаат на нашето расположение и однесување. За да ја направите околината попривлечна за умот и телото, проверете кое значење го кријат вашите омилени бои.

Црвената е прва боја која ја гледаме

Неодамнешните студии покажаа дека и бебињата кои се стари само две недели можат да ја видат црвената боја, која има најдолга бранова должина меѓу боите, па развојните рецептори на детето и нервите во очите можат најлесно да ја примат.

Црвената е боја на енергијата, страста и акциите и ја зголемува желбата за храна и други надразби. Ако сме опкружени со премногу црвена боја, можеме да станеме нервозни, вознемирени и на крај лути, поради тоа се препорачува избегнување на оваа боја на ѕидовите. Црвената го зголемува и нашото физичко ниво на енергијата, брзината на чукањето на срцето и крвниот притисок и го поттикнува ослободувањето на адреналинот.

Лицата кои ја истакнуваат црвената боја како омилена, најчесто се екстровертни, оптимисти и храбри.

Омилена боја на светот

Врз основа на анкетите кои ги спровеле неколку глобални маркетиншки компании, 40 отсто луѓе ја одбрале сината како омилена боја. Од перспектива на психологијата, сината боја е боја на доверба, одговорност и сигурност. Го намалува стресот и создава чувство на смиреност, па е идеален избор за дневна и спална соба.

Покрај тоа го успорува метаболизмот, па се препорачува за во кујна ако сакаме да го намалиме апетитот, додека на пример, рестораните често инсистираат на топли бои. Лицата на кои сината им е омилена боја, најчесто се козервативни, лојални и промислени и не сакаат да бидат во центар на вниманието.

Во минатото користењето на сината боја било толку ценето што постоеле закони кои им се пропишувале на уметниците како смеат да ја употребуваат. Најчесто можела да се користи само за боење на Христовите и Богородичните фустани на светли слики. Оваа боја ја обожуваат и летните непријатели како комарците, затоа при излет во природа избегнувајте облека во темносина боја.

Боја која се избегнува во авион

Жолтата боја предизвикува мачнина, а често се нарекува и најиритирачка боја поради прекумерната стимулација на окото. Иако не е пожелна во авионите, жолтата боја често е избор во простории како стан или канцеларии. Ја поттикнува креативноста, оптимизмот и подобрата перцепција.

Сепак, премногу жолта боја предизвикува вознемиреност и емоционална нестабилност. Таа, исто како и црвената го поттикнува апетитот. Љубителите на оваа боја често се креативни лица и перфекционисти.

Ако првата асоцијација на жолтата ви е бојата на Сонцето, се лажете. Сонцето всушност има бела боја, но тоа е видливо само од вселената и од големи надморски височини, додека гледано од доле, Сонцето делува жолтеникаво.

Розовата боја го потиснува гневот и нервозата. Затворите и институциите за ментално здравје често своите ѕидови ги бојат во розово, за да го контролираат однесувањето на затворениците и пациентите.

Во психологијата на боите, розовата е знак на надеж. Ги зајакнува нашите емоции и го намалува чувството на лутина. Лицата кои ја сакаат розовата боја, најчесто се чувствителни, широкогради и пријателски расположени.

Која е боја на фантазијата?

Виолетовата се однесува на фантазијата и духовноста. Ако барате идеална боја во која ќе ги обоите ѕидовите на вашата канцеларија, ова е боја за вас. Поттикнува на креативност и оригиналност, но треба внимателно да се користи бидејќи премногу виолетова може да доведе до чувство на депресија. Ако ова е ваша омилена боја, вие сте креативни, сакате да делувате индивидуално и исклучително сте сочувствителни.

Грците и Римјаните биле фанатици за виолетовата боја. Триумфалните генерали носеле фустани со виолетова и златна боја, додека сенаторите и конзулите носеле виолетова лента на рабовите на своите тоги. Во царскиот Рим употребата на виолетовата боја уште повеќе била регулирана, па до четвртиот век само на царот му било дозволено да носи најубави виолетови нијанси.

Црно-бел свет

Иако овие ахроматски бои не се наоѓаат во спектарот, ние често ги ставаме во ист кош со црвената, сината, зелената и останатите „шарени” бои.

Белата боја означува чистота и нови почетоци. Научниците порано носеле облека со беж боја, а од 19 век медицинските експерти ја одбрале белата боја. Оваа боја е избрана поради идејата на надежта и новите почетоци на подрачјето на медицината. Белата често станува омилена во време кога минувате низ преоден период во животот.

Црната боја во психологијата претставува моќ и контрола, а била една од првите бои во уметноста. Праисториските уметници го користеле црниот јаглен и железни минерали за да создадат црн пигмент за боја на ѕидовите во пештерите. Црната боја е одраз на контрола, независност и силна индивидуалност.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.