Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Која е девојката што ги украде погледите на отворањето на модниот викенд? (ФОТО)

Занимливости

Која е девојката што ги украде погледите на отворањето на модниот викенд? (ФОТО)

Вчеравечер во хотелот Мериот во Скопје се отвори 16. издание на Моден викенд, а меѓу стотиците посетители сепак сите погледи на присутните ги украде оваа девојка, која на настанот продефилира со специфичен стајлинг.

Таа беше облечена во тесни панталони со нежна крем нијанса и жолт акцент, отмен аксесоар – шал од вештачко крзно и бела маица на која пишуваше #NinnaRed и #StopTheTraffic.

Дополнителен акцент на воодушевувачкиот изглед кај оваа девојка даде фризурата со златни локни, но и силната, впечатлива црно-златна шминка.

Посетителите останаа збунети – која е оваа девојка и дали своите модни стајлинзи ги промовира под името #NinnaRed?

Ние ќе ги следиме и останатите денови од модниот викенд и ќе ве информираме со повеќе новости за оваа мистериозна икона која дефинитивно го привлече вниманието на овој настан.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.