Занимливости
Кое е најбезбедно седиште во авионот?
Произведувачите на авиони наведуваат дека постојат многу мал број докази, кои покажуваат дека во случај на авионска несреќа е важно на кое седиште седите.
– Тоа прашање е старо колку и времето. Едноставно не постои точен одговор, велат експертите во оваа област.
Од друга страна студија од 2007 година, која ја спроведе групата „Популарни механичари“, анализирајќи ги сите авиониски несреќи, со жртви и преживеани лица, од 1971 година досега, октрила дека задните седиште зад крилата се најбезбедни.
Стапката на преживеани, кои биле сместени на овие седишта изнесувала 69 отсто, во споредба со 56 отсто на седиштата пред крилата и 49 проценти во предниот дел на авионот.