Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кои соби во хотелите се најбезбедни?

Магазин

Кои соби во хотелите се најбезбедни?

Списанието „Travel + Leisure“ изврши истражување на темата која хотелска соба е најбезбедна. 

Роб Вокер, директор на Одделот за патничка безбедност на компанијата „International SOS“ во Лондон, наведува дека доколку патувате во САД, најдобро е да резервирате соба, која се наоѓа меѓу првиот/вториот и шестиот/седмиот кат.

Тие соби се доволно оддалечени од главниот влез за да бидат цел на крадците, а од друга страна доволно се близу до тлото за да можете да скокнете во случај на пожар, напад или каква било несреќа.

– Обично влезовите се главна цел на кој било вид напади (крадци, терористи…), така што советот е да се оддалечите од главниот хол. Исто така би требало да ги избегнувате хотелските ресторани, бидејќи овој вид простории се честа мета, како и собите во кои не е лесно (или невозможно) да се влезе од улица, вели Вокер.

Тој додаде дека би било совршено доколку собата се наоѓа во близина на противпожарни скали, како и тоа пред патувањето патниците да се распрашаат за стапката на криминал во одредени делови од градот, кои ги посетуваат.

Она што никако не би требало да го направите е да ја оставите вратата отворена за време на внесувањето на куферите, бидејќи тоа е совршена можност некој да се пикне во вашата соба.

Кога ќе се сместите во собата, проверете дали има некои оштетувања или дупки на ѕидот, бидејќи низ нив би можел некој да ве набљудува и на тој начин да ја загрози вашата приватност.

Вокер советува и при рака секогаш да ви биде торбата, во која ќе го стацвите пасошот, палома, шише со вода и полнач за телефонот, ште ќе ви биле лесно да ја земете, доколку морате итно да ја напуштите собата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.