Занимливости
Колку трае породилното боледување во светот
Најкусо породилно боледување во светот има во САД и тоа трае само два месеци.
Од друга страна, Естонија нуди и повеќе од 1,5 година платено отсуство со што е земја со најголеми бенефиции за бремените жени.
Други земји нудат по една година: Бугарија, Унгарија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Летонија, Норвешка, Словачка…
Во 19 од 41 земји платеното отсуство се однесува на родилките, а во 31 земја и татковците имаат право на отсуство. Сепак, нивното право е поскромно, односно, во просек, две недели.
Исклучок се Јапонија со 30 недели и Кореја со 16 недели. Португалија, Луксембург и Норвешка на новите татковци им даваат околу два месеци платено отсуство.
На Кипар, Израел, Турција, Ирска, Швајцарија и Нов Зеланд платеното отсуство се однесува на раѓањето и грижата за детето, но татковците немаат право на такво отсуство.