Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Копилот ќе излетал од авион на висина од 10.000 метри

Занимливости

Копилот ќе излетал од авион на висина од 10.000 метри

Инцидентот во кој пукна предното ветробранско стакло на висина од 10.000 метри на летот на „Сечуан ерлајнс“ предизвикал целосен хаос и само благодарение на присебноста на пилотот и останатите членови на екипажот е спречено да се случи поголема трагедија.

Тие успеале да го задржат копилотот и не дозволиле да излета низ скршеното стакло на кабината на патничкиот Ербас 319.

Капетанот Лу Чуанџен, кој беше прогласен за херој, потоа го спушти авионот без помошни инструменти.

Тој за локалните медиуми соопшти дека на висина од 10.000 метри во кабината се чул заглушувачки звуг, по што дошло до нагло губење на притисокот и пад на температурата, а увиделе дека нема едно од ветробранските стакла.

– Без предупредување стаклото напукна и исчезна со заглушувачки звук. Потоа само видов како мојот копилот до половината е надвор и виси низ прозорецот, изјави капетанот.

Копилотот, кој за среќа бил врзан со појасот, успеале некако да го внесат во кабината и имал само помали изгореници и истегнат зглоб.

Според зборовите на капетанот во кабината „се лебдело во воздух“, а поголем дел од опремата не функционирал. Авионот многу се тресел и не можело да се чита што покажуваат инструментите.

Сепак благодарение на неговата присебност авионот успешно слета, а останатите членови на екипажот и сите 119 патници поминаа без повреди.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.