Занимливости
Кралицата Елизабета и принцот Филип одбележуваат 70 години брак
Британската кралица Елизабета, која владее со Обединетото Кралство и дел од земјите од Комонвелтот, веќе 65 години, в понеделник ќе прослави 70 години брак со принцот Филип, војводата од Единбург.
Додека се уште беше британската престолонаследничка, тогашната принцеза Елизабета од Велс, се омажи за морнарскиот офицер Филип Маунтбатен во лондонската Вестминстерска опатија на 20 ноември 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна.