Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кралицата Камила го посети кралот Чарлс во болница

Магазин

Кралицата Камила го посети кралот Чарлс во болница

Кралот Чарлс III. по вчерашната операција на простата, вториот ден го поминал во клиника во Лондон каде го посетила неговата сопруга Камила.

Во петокот наутро, кралот (75) пристигнал со Камила во клиниката каде била хоспитализирана и неговата снаа Кејт, сопруга на престолонаследникот Вилијам. Таа беше подложена на операција на абдоменот минатата недела.

Недолго по завршувањето на операцијата на Чарлс, кралицата им рекла на луѓето во клиниката дека нејзиниот сопруг е „добро“, пренесуваат британските медиуми. Не е објавено кога кралот ќе биде пуштен од болница. Камила била снимена додека била во посета на нејзиниот сопруг.

Палатата минатата недела објави дека кралот Чарлс ќе биде подложен на рутинска операција на простатата.

За да се одмори, Чарлс минатата недела откажа неколку јавни ангажмани, а по операцијата ќе мора да помине извесно време во пократко закрепнување, чие времетраење од Палатата не прецизираа.

Принцезата Кејт (42) била хоспитализирана на 16 јануари во истата лондонска клиника. Не се знае од што боледува. Единствено беше најавено дека не се работи за малигно заболување и дека ќе биде подложена на планирана операција на абдоменот. Подоцна беше кажано дека операцијата била „успешна“.

Ден по операцијата на 17 јануари, официјални извори на кралската двојка објавија дека Кејт ќе мора да остане во болница за опоравување помеѓу десет и четиринаесет дена по операцијата.

Таа најверојатно нема да се врати на јавните активности пред крајот на март. Принцот Вилијам откажа многу јавни ангажмани додека таа не закрепне од операцијата.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.